Ете, и тоа се случи. Замислете, Златан Ибрахимовиќ по вчерашниот инцидент се извини, но не на тој што требаше, туку на својата екипа.

Ова го потврди тренерот на Милан, Стефано Пиоли…


Да, Златан не чекаше во соблекувалната и им се извини на соиграчите поради тоа што доби исклучување и тие мораа без него, со играч помалку да го доиграат мечот со Интер. Тој се извини како голем шампион“ посочи Пиоли.

Инаку излегоа нови моменти од инцидентот меѓу Златан и Лукаку. Имено во тунелот имало нова “рунда“ на обид за физичка пресметка меѓу него и Белгиецот.

Гневниот Лукаку притоа, барем според италијанските медиуми, на Швеѓанецот со балкански корени, му го довикнал следното:

“Ќе ти пукам во глава“.

Во случај ова да е вистина, тогаш Лукаку би можел да добие казна или суспензија.