Цената на златото и среброто, на двата скапоцени метали, рапидно растат во услови на уништена глобална економија и слабеење на американскиот долар. Оваа година златото достигна вредност што не се памети од септември 2011 година.

Инвеститорите бараат „безбедни засолништа“, а златото сега вреди 2,021 долари за унца, што е нов рекорд. Геополитички немири преку ноќ ја зголемија вредноста на златото. Експлозиите во Бејрут, во кои загинаа стотици луѓе, повредени се илјадници, според Мизухо банката само дополнително ќе ја зголемат центата на златото!

Цената на златото досега се зголеми за повеќе од 32 отсто и се очекува да ја надмине „златната година од 1979 година“. Во меѓувреме, цената на среброто се зголеми за околу 30 отсто.

Мајкл Хсуех, експерт од Дојче Банк, верува дека среброто дури и ќе го надмине жолтиот метал. Бидејќи има бројни индустриски цели, а индустриската потрошувачка ќе се зголеми во наредниот период, јасно е од каде потекнува овој став. Тој вели дека дополнителна причина за купување сребро е тоа што економијата заздравува.

Други аналитичари исто така тврдат дека закрепнувањето на производните активности ги турка цените на среброто на ниво над оној на златото. Сето ова е поврзано со зелената инфраструктура, односно возилата што се движат со помош на еколошко гориво.

Денес, среброто е потребно во зголемен број медицински апликации, како и на електронски компоненти за 5G телекомуникациски мрежи. Сепак, заклучокот е дека напредокот ги чека двата метали.

Како американскиот долар ќе паѓа во однос на другите валути, тоа ќе ја зголеми побарувачката за злато и ќе предизвика зголемувањето на цените.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *