За првпат приходите од извозот на златото на Русија  се поголеми отколку средствата што таа ги инкасира од продажбата на природен гас, покажуваат податоците на Сојузната царинска служба и Централната банка.

Во Аптрил и Мај руските компании продале во странство 65,4 тони злато во вредност од 3,55 милијарди американски долари.

Државната компанија „Гаспром“, кој има монопол на испораките на гас, реализирал продажба во изност 2,4 милијарди долари.

Аналитичарот Максим Кудалов, кој воедно е на челно на групацијата АКРА, за процена на одржливоста на ризиокот, вели дека ситуацијата во којашто приходите од извозот на злато се поголеми отколку од извозот на гас во историјата на модерна Русија, се случува првпат, бидејќи извозот на гас традиционално носело поголеми приходи од продажбата на златото.

Во услови на пандемија со коронакризата златото е како сигурно засолниште за капиталот .

Побарувачката на злато ја крена цената од 1.800 долари за унца, што е на највисоко ниво од 2011 година.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *