Автомобилите кои повеќе не се во возна состојба не завршуваат на отпадите туку голем дел од нив се извезуваат. Ова потсетува на чистење на дворот во кој ѓубрето се префрла ка соседот. Вашиот тревник е чист, но тој на соседот…

Каде на пример од Германија одат користените автомобили постари од 14-15 години? Бугарија, Романија, некои од нив може да се најдат и во Македонија, Хрватска… Сепак, тоа не е ништо според главната извезувачка плима. Во контингентот кој оди кон Африка се и автомобиули кои никогаш нема да се најдат на автопат и таму ќе бидат оставени на некој голем паркинг. Според програмата на Обединетите нации за животната средина (UNEP) околината на Африка е загадена со користени автомобили кои се како од поплава исфрлени од индустриските земји.

„Милиони користени автомобили, комби и минибусеви се извезени од Европа, Јапонија и САД во земјите во развој значително допринесуваат за загадувањето на воздухот и пречат во напорите за ублажување на влијанието на климатските промени“, стои во известувањето од UNEP. Меѓу 2015 и 2018 година, 14 милиони користени автомобили биле извезени низ светот, а дури 80 проценит од нив заминале во сиромашните земји.

Според пишувањата на различни студии и анализи, повеќе од пола од нив заминале во Африка. Сепак, помал дел оди и во источна Европа, на Блискиот исток, Азија и Латинска Америка. Многу од користените возила не се во сообраќај и доведуваат до зголемување на бројот на смртни случаи, во земји како што се Малави, Нигерија, Зимбабве и Бурунди.

Обединетите нации повикуваат оваа практика веднаш да биде запрена за да не би се загрозило постаувањето на климатски цели.

„Индустриските земји мораат да го запрат извозот на возила кои не ги поминуваат тестовите за заштита на животната средина или безбедноста и кои веќе не се сметаат за способни за сообраќај во земјите откаде што потекнуват додека земјите кои ги увезуваат би требале да воведат построи стандарди за квалитет“, вели директорката на UNEP, Ингер Андерсен во известувањето откако биле прегледани 146 земји.

Анализата покажала дека две третини од анкетираните земји имаат само слаби или многу слаби ограничувања на увозот на користени автомобили. Обединетите нации затоа почнале со иницијатива за поставување на минимален стандард за увоз на користени автомобили додека бројот на извезени автомобили испорачани во Европа се проценува на околу милиони возила годишно.

Западноафриканската конфедерација Ecowas ги објави новите стандарди за горива и користени автомобили. Африканскиот планиран договор за слободна трговија, кој би требало да направи пат кон најголемиот единствен светски пазар во 1,2 милијарди лица, се гледа како можност за ограничување на европски извоз на автомобили кои повеќе не се во погон.

На германското крајбрежје на Северното море, терминалот за испорака на европските користени автомобили во Африка почнал со работа пред само еден месец. Речиси 60.000 автомобили годишно треба да се испорачаат од Вилелмзафен во Северна Африка.

Сепак, посебно Хoландија се смета за важна раскрсница во Европа. Поголемиот дел на користени возила повеќе не се регистрирани за сообраќај. Често тоа се рѓосани автомобили одат во Нигерија и другите западноафрикански земји, а во Европа повеќе никој не можел да ги продаде. Во просек имале 16 до 20 години и веќе не ги задоволуваат Euro 4 стандардите на емисија на штетни гасови. Проценката е дека дури 20.000 автомобили кои годишно се извезуваат од Холандија во Африка поради состојбата во која се наоѓаат би требало да одат на уништување.