На социјалните мрежи повторно кружи ‘најсмешниот виц на светот’, благодарение на видео-снимката на популарниот канал „AsapScience“ на Јутјуб, во која се објаснува зошто нешто е смешно.

„Најсмешната шега на светот“ е израз со кој Ричард Вајсман, професор по психологија од Универзитетот Хартфордишир, во 2002-та година ги сумирал резултатите од едно од своите истражувања. За овој експеримент, наречен „LaughLab“, создал веб-страница на која луѓето можеле да ги оценуваат шегите, а најсмешниот, со повеќе од 2 милиони гласови бил вицот за кој се зборува во видео-снимката на „AsapScience“.

За вицот подоцна се испоставило дека всушност е дел од скеч на британско-иранскиот актер, комичар и книжевник, Спајк Милиган од 1951-ва година.

„Двајца ловци од Њу Џерси одат во шума и едниот од нив паѓа на земја. Изгледа дека не дише и неговиот пријател вика Брза помош. ‘Мислам дека пријателот ми е мртов. Што да правам?’, прашува тој, а операторот му одговара: ‘Смирете се, можам да ви помогнам. Прво уверете се дали навистина е мртов’. Потоа следува тишина после што се слуша гласно пукање. Ловецот се враќа до телефонот и вели: ‘Во ред, и што сега?’“