Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ не смета дека треба да има задолжително вакцинирање.

Во однос на вакцината за коронавирус и резултатите од анкетите според кои ќе се вакцинираат само околу 40 проценти од граѓаните на Хрватска, Милановиќ вели:

Ако се разболат, системот ќе ги третира на ист начин како што третира некој што пуши 30 години, а потоа ќе се разболи. Системот не го прашува зошто пушел, туку го лекува. Така ќе биде со луѓето што нема да се вакцинираат, ако добијат коронавирус и се разболат, рече хрватскиот претседател Милановиќ.

На прашањето како да ги натерате луѓето да се вакцинираат, тој рече дека тоа се постигнува со разговор на овие теми, но дека намерата никогаш не била да се натера некој да се вакцинира на сила.

Луѓето мораа да го занемарат своето здравје поради настанатите околности, или не им беше овозможено нормално да се лекуваат, како што би било ако немаше коронавирус, вели Милановиќ.

За некое време, ќе има повеќе вакцини од бројот на заинтересираните да се вакцинираат. Сега во почетокот кога сите на кои тоа им е овозможено се вакцинираат, и од етичка и од морална гледна точка, време е полека да олабавиме. Ако навистина не сакате да се вакцинирате, зошто другите би ве заштитиле од самите себе? Ние мора полека да започнеме да се враќаме во нормалниот живот, нагласи Милановиќ.

Тој посочи дека во 10-те месеци борба против ковид-19 немало политичар или лекар што не кажал нешто погрешно.

Секој беше во грешка во еден момент во овие десет месеци. Овие обвинувања и надмудрување не водат никаде. Никој не успеа да се заштити од ова. Помпезно прогласивме победа и “мировен договор под целосна капитулација” со короната во мај и не беше така. Другите го направија тоа, повеќе или помалку помпезно. Беше, помина, се врати кај нас и сега сум убеден дека се движиме кон постабилно време во кое вакцината мора да функционира. заклучи претседателот Милановиќ.