Бугарија е пред парламентарни избори и не треба да ги креваме очекувањата во јавноста дека некои чуда можат да се случат до 28 март. Сега не е време за некои дебели и тешки политики да се разговара. Политичарите исправени пред избори не се разумни, рече премиерот Зоран Заев во интвјуто за Сител и додаде:

Историските прашања треба да ги оставиме на историската комисија. Ќе прославуваме одредени историски личности и историски периоди но ќе си останат и делови од историјата кои ни се посебни.

Идентитетските прашања, македонскиот јазик, македонскиот народ, придавката македонски нити можат ниту дозволуваме да бидат на масата за преговори, рече Заев.

Тоа го знаат и бугарските преговарачи, бугарската министерка за надворешни работи, премиерот Борисов, сите го знаат. Тие ја прифаќаат реалноиста но велат ајде да разговараме за минатото. За минатото не можат Борисов и Заев да разговараат, ние нити сме стручни ниту сме повикани за таа работа, затоа формиравме историско образовна комисија, вели тој.

Според Заев записниците се усогласени за петте личности и трите историски периоди и тие се верификувани и потврдени од двете страни. Колку што знам, вели Заев, на последниот состанок се зборувало за цар Самоил и за него имаме записник кој е прифатлив за двете страни. Нашата страна предложила тој записник да биде дополнет со некои работи кои не и штетат на бугарската страна.Сега во записникот не е напишано дека Самоил имал војска од 14 илјади, дека биле ослепени, а дека на секој стотти му е оставено по едно око, тоа го знаеме од историјата. Тоа е примамливо за учење на децата а тоа не и штети на Бугарија, но бугарската страна останала на ставот во учебниците да биде само таа што е договорено во записникот. Добро тоа се 12 или 20 реченици но има работи за кои децата треба дополнително да учат а тоа не им штети на ниту една од двете земји.

Македонскиот јазик, според Заев е спорен само во делот на преговарачката рамка каде Бугарија вели дека за нив е тоа македонски јазик согласно уставот на Република Северна Македонија. И ние билатерално одговоривме и за нас е бугарскиот јазик согласно уставот на Република Бугарија, вели тој и додава:

Тие го издвојуваат своето мислење се додека и официјално Бугарија не го признае постоењето на македонскиот јазик и македонскиот народ. Тие во сите свои настапи секој ден зборуваат за македонски јазик и македонски народ, почнувајќи од премиерот, претседателот на државата до министерот за надворешни работи но тоа го врзуваат со потребата побрзо да се решат овие историски прашања.

Нашата експертска комисија, македонскиот дел, е строго професионален и тие се експерти кои доаѓаат од Институтот за национална историја, вели тој. Оставаме на нив бидејќи тие знаат повеќе и од Заев, Османи, Димитров и од било кој од нас. Тие се капацитетот на оваа држава како што во моментот политички капацитет е еден Заев, Османи или Димитров.