Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев на заедничка прес конференција со Министерот за здравство Венко Филипче, соопшти дека владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нови рестриктивни мерки. Новите мерки ќе важат од 18 декември до 20 јануари на полноќ, со паролата „Празнувај одогворно“, се со цел да се спречи ширењето на ковид 19 за време на празниците. За разлика од досегашното работно време на угостиутелските објеки до 21 часот, за време на празниците угостителските објекти ќе работат до 18 часот. Премиерот информираше и за финансиската поддршка на најпогодените категории од кризата.

Заев изјави дека ќе се вакцинира со вакцините кои ќе ги набави државата преку Ковакс системот:

„Ќе се вакцинирам за да дадам личен пример во напорите за сузбивање на ковид 19.“

„Нашата држава го следи секој чекор на развој од сите клинички испитувања за вакцините Верувам во нејзината безбедност и во тврдењата на научниците дека со неа ќе се подигне имунитетот на луѓето.

Ѓраѓаните треба да бидат спокојни бидејќи државата нема да штеди за оваа намена, ние веќе го уплативме авансот за набавка на 833 илјади вакцини.

Ова се добри вести кои мислам дека ќе ја сменат целокупната слика во врска со ковид 19 во текот на наредната година, изјави Заев.

Затоа апелирам да ја пречекаме Новата година како одговорни граѓани. Новогодишните и Божиќните празници да ги празнуваме одговорно, со пораката што е и суштина на нивното празнување за подобро утре, за подобра иднина.