Во Приштина се „изненадени и разочарани“: Америка се откажа од проектот Ново Косово. Тоа е името на термоцентралата во Обилиќ, која требаше да ја градат приштинската влада и американската компанија „Контур Глобал“. Дали повлекувањето на оваа компанија е знак дека Америка има повисоки приоритети од Приштина со нерешени имотни проблеми.

Покрај тоа што „Контур Глобал“ неодамна ја извести косовската влада дека ја раскинува зделката, за што двете страни потпишаа договор уште во 2017 година, американската компанија побара од приштинските власти да им ги надоместат трошоците во висина од 20 милиони евра.

Косовското Министерство за економија го објави тоа на својата страница на Фејсбук, потенцирајќи дека тие биле „изненадени и разочарани“ од ваквата одлука на американската компанија.

Работата за изградба на термоцентрала со капацитет од 500 мегавати, во вредност од 1,3 милијарди евра, не се помрдна од “мртва точка” за три години, и целиот проект е од различни страни оспоруван скоро од самиот почеток.

Кон средината на 2018 година, Секретаријатот на Енергетската заедница објави дека неколку елементи од договорот за набавка на електрична енергија меѓу косовската влада и американската компанија ги кршат правилата за државна помош. Потоа, ММФ и Светската банка решија да не учествуваат во финансирање на изградбата на термоцентралата, бидејќи, како што објаснија, правилата на банката ги обврзуваат да ги поддржат опциите со најниски трошоци, што експлоатацијата на јаглен не е сега.

Тоа не ги поколеба Американците. Во своето обраќање пред Сенатот, тогашниот кандидат за амбасадор на САД во Косово и актуелниот амбасадор Филип Коснет, го издвои „развојот на енергетската безбедност“ како еден од неговите приоритети за време на неговата дипломатска мисија. Тој тогаш прецизираше дека нестабилноста во снабдувањето со енергија на Косово чини околу 415 милиони долари годишно, односно околу шест проценти од БДП, поради што, меѓу другото, тој најави американска поддршка за изградба на термоцентрала „дизајнирана во САД“.

И на крајот, Енергетската заедница со седиште во Виена, во декември минатата година, започна истрага бидејќи косовската влада, нарушувајќи ја конкуренцијата на пазарот, додели нелегални и незаконски субвенции за изградба на термоцентралата Ново Косово.

Без вода од езерото Газивода, работењето на косовската термоцентрала е невозможно, а поради нерешени имотни односи меѓу Белград и Приштина, американската компанија се откажа од изградба на централа за јаглен со косовската влада.

Иако Приштина еднострано го донесе законот за Трепча, која ја прогласија за нивно јавно претпријатие, тоа не значи ништо за сериозни инвеститори освен сигнал добро да испитаат за што се работи во целиот спор. Затоа се уште не е забележана голема стратешка инвестиција во Косово и Метохија.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *