Бугарија беше окупатор во втората светска војна. Ова во емисијата Во Центар која се емитува вечерва на youtube каналот Vasko Eftov го имаше изјавено поранешниот шеф на кабинетот на бугарскиот комунистички лидер, Тодор Живков.

Бугарија не може да се соочи со вистината, велеше тој, дека бугарската војска беше окупатор во текот на втората светска војна. Затоа Јосип Броз Тито не им дозволи на бугарските војници да поминат низ територијата на поранешна Југославија. Компромисот беше најден така што бугарските војници мораат да бидат во составот на третата украинска армија.

Тито беше голема историска личност и затоа Тодор Живков се плашеше од него. Имаше договор дека цела Пиринска Македонија треба да биде приклучена кон Република Македонија и во последен момент Бугарија се спаси од тоа, велеше тој.

Всушност Бугарија на Тодор Живков денес и стави вето на Македонија која тие ја сметаат за дете на Тито. Зошто Бугарија на Живков? Бидејќи Красимир Каракачанов стана агент на бугарските служби кога Живков беше на чело на Бугарија. Бојко Борисов беше телохранител на Живков. Главниот мегафон на оваа денешна Бугарија. Љубчо Нешков емигрираше во Бугарија на Живков која тогаш беше најкомунистичка држава во Европа заедно со Албанија. Тој нивни комплекс од Тито тие не можат да го сокријат.

Целата емисија која што се емитува на каналот на јутуб можете да ја погледнете ОВДЕ .