Постојат докази дека коронавирусот се пренесува и низ воздухот – потврди Светската здравствена организација (СЗО), иако ваквата можност сега се испитува многу повеќе отколку до сега.

Епидемиолозите досега уверуваа дека вирусот и болеста Ковид-19 се пренесуваат од човек, на човек при блиски средби, како и при директни контакти на заразено лице со здрави луѓе.

Беше утврдено и дека вирусот останува на некои материјали подолго, а кај други пократко, но ова е прв пат СЗО да укаже на можноста заразата да се пренесува и низ воздухот.

Нови докази

„Сега има докази за ваквата можност, а тоа не тера сите да бидеме максимално отворени и подготвени за новата ситуација и за можните импликации.

Веќе не може да се исклучи можноста од пренесување преку воздухот, на јавни места, особено ако се преполни со луѓе“ – изјави за медиумите високиот функционер на СЗО, Бенедета Алегранци.

Таа ја истакнува потребата од проветрување на јавните простории и на одржување на неопходна дистанца (од два метри), како и задолжително носење маски за лицето.

Ваквата изјава на СЗО доаѓа по предупредувањето на над 200 експерти и епидемиолози од разни земји кои укажале дека корона, сепак, може да се пренесува и преку воздухот. Тие го имаат повикано СЗО, но и медицинскиот персонал низ земјите во светот да обратат внимание на оваа можност која се јавува како нова закана.

Нема смирување

Светската здравствена организација досега беше критикувана од разни експерти дека задоцнето предупреди на потребата да се носат маски во затворени простории и секаде каде има повеќе луѓе.

Сега СЗО се критикува и затоа што не предупредува на можноста за раширување на епидемијата и низ воздухот.

Ова предупредување доаѓа во време кога епидемијата не само што не покажува смирување, туку во низа земји и цели региони покажува забрзано (повторно) раширување.


Напишете коментар