Газдата на Телевизија Пинк, Жељко Митровиќ го обвини српскиот политичар, Чедомир Јовановиќ дека лажно го информирал дека пејачката Цеца Ражњатовиќ учествувала во организирање на неговото киднапирање!

Жељко Митровиќ потврди дека таа била причината што Цеца беше забранета на ТВ Пинк. Исто така Митровиќ и Цеца Ражњатовиќ го обвинија Јовановиќ за соработка со Земунскиот клан.

Чедомир Јовановиќ беше десна рака на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ. Инаку во операцијата Сабја, која следуваше по атентатот врз Ѓинѓиќ, пејачката Цеца беше во притвор шест месеци поради контакти со Земунскиот клан.

17 години подоцна пејачката и сопруга на Аркан, Цеца Ражњатовиќ го обвини Чедомир Јовановиќ дека тој стои позади нејзиното апсење во акцијата Сабја.


Напишете коментар