Аја Софија е огромно архитектонско чудо изградено како христијанска базилика пред 1.500 години. Слично на Ајфеловата кула во Париз, Аја Софија е симбол на космополитски град. Сепак, колку што е таа импозантна по својата архитектура, толку е голема и нејзината улога во историјата на Истанбул и во светот, но исто така е важна и за прашањата поврзани со меѓународната политика и религијата.

Аја Софија е сидро во Стариот град Истанбул и служеше како обележје за православните христијани и муслиманите со векови.

Првично била изградена како православна патријархална базилика, но нејзината функција се менувала неколку пати низ вековите.

Од времето кога зградата била завршена во 537 до 1453 година, таа служела и како Православна катедрала и седиште на Вселенскиот патријарх, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога за време на Латинската империја била претворена во католичка црква.

По падот на Цариград во 1453 година, султанот Мехмед Освојувачот наредил црквата да се претвори во џамија. Отстранети се звоната, а иконите беа покриени со гипс. Така, Аја Софија стекна статус на џамија од 29 мај 1453 година до 1931 година.

Во 1935 година, Кемал Ататурк донесе одлука да ја претвори Агиа Софија во музеј, и од тогаш е на списокот на УНЕСКО и е еден од најважните споменици на светското културно наследство.

И тоа траеше се до вчера!

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го потпиша указот со кој се претвори познатата Аја Софија во џамија.

Оваа одлука уследи откако Државниот совет ја поништи одлуката донесена во 1934 година, која ја претвори Аја Софија во музеј и ја прогласи за нелегална.

Откако го потпиша указот, Ердоган го објави документот на Фејсбук со коментар: „Нека биде добро“.

Руската црква жали за одлуката на турскиот суд за Аја Софија и смета дека одлуката може да доведе до уште поголеми поделби.

Планираме да ја отвориме Аја Софија како џамија со молитва на 24 јули, најави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Добитникот на Нобелова награда за литература, Орхан Памук, изјави дека е разочаран од промената на статусот на Аја Софија.

Турците се горди што се секуларни. Ова ќе и ја одземе гордоста на нацијата – изјави славниот писател за радио Би-Би-Си.

Според Памук, има милиони Турци кои мислат како него, но нема повеќе демократија во Турција.

Бидејќи Аја Софија е знак на современ турски секуларизам, да ја вратиме во џамија значи, за жал, да кажеме дека не сакаме да бидеме повеќе пријателски расположени кон Западот, не сакаме да бидеме секуларни – рече Памук.

На ова следеше и реакција од Брисел.

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел изрази жалење поради одлуката на Турција да ја претвори Аја Софија во џамија.

Одлуката на турскиот државен совет да се поништи една од современите одлуки на Турција и одлуката на претседателот Ердоган да го стави споменикот под раководство на Претседателството за верски работи е за жалење, наведува Борел.


Напишете коментар