Адвокатот Тома Фила, кој беше адвокат и на Слободан Милошевиќ, а со потекло е од Битола и беше пријател си сите големи македонски политичари во последните 50 години, тврди дека имало план за поделба на Македонија и дека тој самиот бил информиран и консултиран за некои прашања поврзани за тоа. Според Фила во тие договори освен Грција и Бугарија учествувала и Турција во времето на Сулејман Демирел. Предмет на поделба била левата страна на Македонија, односно од реката Вардар кон границата со Бугарија. Додека десната страна требала да им припадне на Албанците.

Србија бараше само коридор по течењето на реката Вардар, вели Фила. Србите не беа заинтересирани за поделба на Македонија, туку му предложiја на Глигоров Македонија да остане во скратена Југославија. На крај целиот план за поделба на Македонија не се оствари поради градот Скопје. Ако Македонија се подели на лев и десен дел, условно речено десниот дел е повеќе населен со Албанци, додека во Скопје е спротивна состојбата, левата страна на Скопје има повеќе Албанци. Затоа не беше поделена Македонија, смета Фила.

Повеќе за ова во вечерашната емисија Во Центар која ќе се емитува во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.

Повеќе на следниот линк:

Зошто не се подели Македонија? Не се договорија околу Скопје!

Зошто не се подели Македонија? Не се договорија околу Скопје! Вечерва во 22:00ч на YouTube! https://www.youtube.com/channel/UCrr-J3gKi7OnHmiyOSYhNtw/

Posted by vocentar.com on Sunday, June 7, 2020


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *