Одлуката на Турција да ја претвори Света Софија во џамија е нивно внатрешно прашање во кое никој не смее да се меша, рече рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Вершињин.

Вие знаете за големото значење што ова прашање го доби во јавноста (се мисли на трансформацијата на Света Софија во џамија) во нашата земја и пошироко. Сè на сè, да тргнеме од фактот дека зборуваме за внатрешните работи на Турција, во кои, се разбира, ниту ние ниту другите не треба да се мешаме. Во исто време, сакаме да го потенцираме значењето на тој објект за светскската култура и цивилизација, изјави Вершињин пред новинарите.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, исто така, изјави дека Кремљ тоа прашање за трансформација на Аја Софија во џамија го смета за внатрешна работа на Турција.

За потсетување, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потпиша декрет на 10 јули со кој се претвори Света Софија во џамија. Овој декрет ја укина одлуката на турските власти од 1934 година овој храм да се претвори во музеј. Првата молитва ќе се одржи во петок, 24 јули.

Света Софија е споменик на секуларното културно наследство и многу земји од светот апелираа до Турција да не го прави она што го планираше, затоа што тоа ќе доведе до расцеп помеѓу христијанскиот свет и Турција.

Света Софија (Агиа Софија) е изградена во шестиот век за време на владеењето на царот Јустинијан. Тоа беше симбол на Православието, но и на византиската моќ сè до падот на Константинопол на 29 мај 1453 година, кога турскиот султан Мехмед Втор Освојувач влезе во градот и му имаше молитва во овој свет храм на православието. На тој начин Света Софија симболично стана џамија, а Цариград главен град на Отоманската империја.

Православните верници ќе бидат разочарани од ваквиот став на Путин и Русија. Тезата дека треба да пропадне вториот Рим ( Цариград со симболот Света Софија ) за Москва да биде третиот Рим ќе направи огромен раскол и разочараност меѓу православните верници.

Ако на 29 мај 2016 година ( денот кога 1453 година пропадна Византија ) Путин како византиски император беше дочекан на Света Гора, сегашното откажување на Путин од Света Софија ќа покажува целата непринципиелност на руската надворешна политика. И само ќе го продлабочи несогласувањето меѓу Москва и Вселенската Патријаршија во Цариград.


Напишете коментар