Јас инсистирам дека Тетово е дискримимирано во здравството, во инфраструкурара и во други области, изјави лидерот на ДПА, Мендух Тачи во интервјуто за Утрински брифинг.

Во Тетово нема само Албанци, во Тетово живеаат и 25 или 30 отсто Македонци. И кога ќе дојдеме во ситуација да ни пукне екстемна варијанта на политика кај Македонците, што би употребиле зборови и жаргон на Милошевиќ, дека Македонците се иселени од Тетово бидејќи имаат притисок од Албанците, ќе им кажам не, тоа не е точно Македонците се иселуваат од Тетово затоа што им фали комплет инфраструктура. Затоа што се чуствуваат дискриминирани од државата што нема инвестиции во буџетот. Јас не би сакал никогаш некој да се исели затоа што лично сметам дека е тоа најарогантниот чин кон некого пред да го напаѓате и да го истребувате или да го убиете.

Јас не знам како да објаснам, вели Тачи, дека ние сме незадоволни од образованието и здравството во Тетово, а министер за образование и директорот на Медицинскиот Центар во Тетово се Албанци. Како што Албанка е и градоначалникот на Тетово, а Ректорот на Тетовскиот Универзитет е борач пеливан, смета Тачи.


Напишете коментар