Ако сте помислиле дека седиштата во авионите се во сина боја затоа што потсетуваат на небото- грешите. Таа боја е идеална не само за долготрајно користење, туку и за нашата психа.

Седиштата речиси секогаш се во сина боја, а сите други бои се исклучок и обично се однесуваат на помали, приватни авиони. Некои претпоставуваат дека оваа боја е одбрана затоа што не потсетува на небото.Но, објаснувањето не е така едноставно.

Првите сини седишта започнале да се користат пред неколку децении, а сега сите авиокомпании ја практикуваат оваа боја. Спрема британските научници, повеќето од луѓето ја поврзуваат сината боја со самодоверба и сигурност, што е многу важно дури и за патниците кои патат од аерофобија, односно страв од лет со авион.

Исто така, според истражувањата, 90 одсто од луѓето подсвесно донесуваат одлука за атрактивноста на фирмата зависно од бојата на марката, а сината во таа смисла одлично „ поминува“.

Постои пратична причина зошто авиокомпаниите бираат сини седишта- прашина, дамки и гребнатинки се помалку видливи на оваа боја, па тие седишта може да се користат многу подолго од колку во друга боја.

Што се однесува до материјалот, седиштата се тапацирани со вештачка кожа или ткаенина. Во авионите кои се користат за летови на долги релации како трансатлански, седиштата се тапацирани со ткаенина бидејќи кожата овозможува дишење, па патниците нема да се потат или да чувствуваат нелагодност.

Крпата која се става на врвот и на задната страна на седиштата се вика антимакасар. Тоа се крпи кои се користат за покривање на мебел во викторијанска ера. Името го добива од маслото Макасар ебановине која мажите го користеле за обликување на коса.

Според тоа дека седиштата каде ја ставаме главата повеќе валкаат, логично е дека горниот дел од седиштата ќе биде обликуван со заштита како оваа која може често да се менува од цела ткаенина- па така авиокомпаниите и заштедуваат.


Напишете коментар