На 16 февруари 2016 година, водачот на Хезболах, Хасан Насралах, им се обрати на своите поддржувачите преку каналот на таа организација, Ал Манар. Во таа прилика, тој се пофали дека Израел, или како тој го нарекува „окупирана Палестина“, се плаши од нападите на Хезболах.

Во магацин во пристаништето Хаифа, на северот на Израел, биле откриени огромни контејнери. во кои се чуваат 15.000 тони амониум нитрат. Експертите му објасниле на Насралах дека е доволно да испукаат само неколку ракети кон нив и дека тие ќе експлодираат со деструктивната моќ на атомската бомба и ќе убијат десетици илјади луѓе.

Со други зборови, Либан има атомска бомба, рече Насралах, смеејќи се.

Амониум нитрат е омилена “играчка” на терористички организации – затоа што е многу експлозивна и затоа што е релативно лесна за добивање. Во стратегијата на заплашување на Хезболах очигледно играше клучна улога.

Во 2014 година, израелската разузнавачка служба Мосад дозна дека т.н. Единица 910, одговорна за акции во светот, развива инфраструктура за големи терористички напади ширум светот. Во случај на војна меѓу Израел и Либан, или израелски превентивен напад врз иранската нуклеарна програма, Хезболах подготвува „чин на одмазда“, пишуваат израелските медиуми, повикувајќи се на разузнавачки служби.

За таа цел, Хезболах воспостави мрежа на складишта со експлозиви, не само на Блискиот исток, туку и во Европа.

Мосад ги информирал разузнавачките служби на другите земји, кои потоа дојдоа до загрижувачки откритија.

Во 2015 година, британската разузнавачка служба и полицијата во рација против припадниците на Хезболах откриле три тони амониум нитрат во Лондон, кои биле скриени во амбалажа за ладни пакувања. Во Тајланд и Кипар, властите заплениле неколку тони експлозиви, исто така камуфлирани во ладна амбалажа во случај на повреда.

Врз основа на информациите на Мосад, во мај беа извршени рации во цела Германија: Пребарани се 16 згради, вклучувајќи џамии и станови. Во шпедитерската компанија на југот на Германија, Хезболах чуваше “ладни пакувања“ со амониум нитрат.

Разузнавачките служби претпоставуваат дека материјалот бил наменет за можни напади врз израелските постројки во разни земји.

Ерусалим Пост пренесува дека Хезболах се обидел да внесе амониум нитрат преку Сирија и да го инфилтрира во либанското Министерство за земјоделство под амбалажа дека се работи за вештачко ѓубриво.

Не е сигурно дали постои поврзаност помеѓу Хезболах и амониум нитрат кој експлодираше во пристаништето во Бејрут, но се знае дека членовите на Хезболах ги контролираат границите и пристаништето, пишува Велт.

Според информациите на израелската армија, Хезболах депонирал пушки, ракети и друга воена опрема во градовите на границата со Израел и ги користи цивилите како „жив штит“. На овој начин, тие сакаат да ги спречат израелските напади врз нивните складишта за оружје.

Пред две години, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на ООН во Њујорк презентираше мапи и воздушни снимки од складиштата за скриено оружја на Хезболах во Бејрут, а еден тие складишта се наоѓало во близина на фудбалскиот стадион.

По експлозијата во Бејрут, во Израел се зголемува стравот дека нешто слично може да се случи и таму. Министерот за заштита на животната средина има намера да ги отстрани сите складишта за хемикалии од пристаништето Хаифа, кое е густо населено како Бејрут.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *