Сподели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи одложување на изборите што треба да се одржат во ноември.

Тој објави на својот профил на Твитер дека со универзалното гласање по пошта овие ќе бидат најизмамнички избори во историјата. Тоа ќе биде голем срам за САД. Одложувајте ги изборите додека луѓето не можат правилно и безбедно да гласаат, напиша Трамп на твитер.

Според „Бизнис инсајдер“, тврдењето на Трамп се засновани на неоснован страв.

Трамп и обвинителот Бил Бар со месеци разговараат за фактот дека овој вид на гласање е подложен на измама, а двајцата шират теории за мешање во странство. Сепак, „Бизнис инсајдер“ потенцира дека за тоа нема докази, а нивото на грешки при гласањето на овој начин е исклучително ниско.

Потоцна Трамп на твитер напиша:
Мора да ги знаете изборните резултати во ноќта на изборите, не денови, месеци, па дури и години подоцна!

Темата за одложување на претседателските избори во САД се држи отворена веќе неколку месеци.

На 23 април, за време на видео обраќањето, поранешниот потпретседател на САД и ривал на Трамп на годинашните избори, Џо Бајден, рече дека е веројатно дека Трамп ќе се обиде да ги одложи изборите за време на епидемијата на вирусот корона.

Запомнете ги моите зборови, мислам дека тој ќе се обиде да ги одложи изборите некако“, рече тогаш Бајден.

Сепак, Трамп не може еднострано да одлучи да ги одложи изборите со извршна наредба, под параметрите на националната декларација за вонредни ситуации или дури и ако е донесен закон за војна.

Некои експерти објаснија уште во март дека само Конгресот може да го промени сојузниот статут и да го промени датумот за избори.

На крајот Трамп на твитер порача:
Ние ќе победиме на изборите во 2020 година!


Сподели