Цинкот е важен затоа што ги корегира грешките, но не е најважен. Витаминот Ц е важен, но е присутен насекаде, во зеленчук, овошје, секаде го има. Не е дефицитарен, вели познатиот српски имунолог, Борислав Каменов.

Но, она што го нема, а што е најважно, е витаминот Д, тој го убива вирусот. Го создава сонцето, а може да се најде и кај рибите и рибиното масло. Главниот проблем со овој витамин е неговата голема потрошувачка, а тогаш изложеноста на сонце не е доволна, смета тој.

Според Каменов, во Индонезија беше направена студија каде беа анализирани 100 пациенти кои имаат нормални вредности на витамин Д и 100 пациенти со недостаток од витамин Д. Првите развија многу блага слика на инфекција со коронавирус, а вторите 100 имаа сериозна слика. И ова покажа дека витаминот Д е многу важен.

Вакцината може да ги заштити сите што имаат добар имунолошки систем и кај нив ќе се развијат антитела. Тие ќе имаат 100 процентна заштита. Но, ако некое лице е проблематично, има проблеми со цревата, ако клетките што го создаваат имунитет се зафатени со чистење на отровите од организмот, тогаш заштитниот ефект на вакцините нема да биде целосен, проценува Каменов.

Знаеме дека вирусот не може да исчезне додека се пренесува. Ние го намаливме со маски и растојание, но тоа не е конечното решение. Не можеме да се изолираме така 100 години.

Ние треба да изградиме таков имунитет што болеста може да се надмине без големи проблеми. Јас имам голем број на пациенти кои се хронично болни и кои ја прележале короната без тешка клиничка слика. Сето ова е многу можно, но никој не се занимава со подобрување на здравјето, ние само ги лекуваме симптомите.

Здравите црева се најважни за имунитетот. На тој начин, токсините нема да можат да влезат во организмот, имунолошкиот систем нема да биде оптоварен и ќе може да се посвети на борбата против вирусот. Следната линија на фронтот е витаминот Д, кој ни дава сила вирусот да биде убиен, заклучува Каменов.


Напишете коментар