Денес сите медиуми и портали напишаа текст за настаните од 24 декември 2012 година или таканаречениот црн декември. Но никој не го постави клучното прашање: Зошто во бомбите или во проектот вистината за Македонија не беше објавен ниту еден разговор кој се однесува на 24 декември 2012 година?

24 декември 2014 година беше лебедовата песна на Бранко Црвенковски. Тоа беше дел од проект Надеж каде беше предвидено преку конфликти во политичката арена да се испровоцираат предвремени избори во Македонија.

Таа 2012 година СДСМ го реализираше проектот работно лето, кога ги посетуваа селата и сите градови во Македонија и за прв пат во мандатот на Никола Груевски разликата во рејтинзите меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ беше нешто над еден отсто. Така мала разлика дотогаш немаше за време на власта на Гркуевски.

Беше одбрано гласањето за државниот буџет, пратениците на СДСМ останаа да спијат во Собранието, а надвор од Собранието една карши друга беа спротиставени две големи групи-приврзаници на СДСМ и на ВМРО.

Всушност 24 декември беше увертира на тоа што се случи на 27април 2017 година.

Но зошто немаше ниту еден разговор поврзан со 24 декември во бомбите? Бидејќи 24 декември беше проект на Црвенковски, а не на Заев и на Шеќеринска. Проектот со 24 декември потоа заврши со неславниот бојкот на локалните избори во 2013 година, кога политиката на Црвенковски беше поразена во СДСМ и партијата излезе на тие избори наспроти инсистирањето на Црвенковски да бидат бојкотирани.

На локалните избори Црвенковски доживеа тежок пораз и тоа значеше крај на неговата политичка кариера. Стевчо Јакимовски беше исклучен од СДСМ, а Заев до последно калкулираше дали да оди сам на изборите.

Тука беше сменет текот на историјата-кариерите на Црвенковски и на Груевски тргнаа по надолен тренд а на Заев во нагорна линија.

Еве линк од емисијата посветена за тепачката во Собранието: