Грција и Турција продолжуваат да демонстрираат сила. Членките на НАТО се обидуваат меѓусебно да се заплашуваат со своите морнарици, а сето тоа е заради правото на користење на морските богатства на Средоземното море.

Спорни се водите околу три мали грчки острови крај брегот на Турција. Маневрите и покажувањето мускули трае скоро еден месец, со меѓусебни обвинувања, а ситуацијата се смирува само кога интервенираат важни земји-членки на НАТО и Европската унија.

Како се дели морето?

Конвенцијата на Обединетите нации за поморските закони е донесена на 16 ноември 1994 година во Јамајка. Со неа требаше да се обединат сите дотогашни поморски закони кои се засновани врз обичаите, меѓународно да се признаат сите договори што поединечни држави ги потпишале за регулирање на правата на водата и да ги смири тековните конфликти околу разграничувањето и правата на море.

Поморски закони дефинираат како и колку водената површина на морето може да ја користи една држава.

  1. Секој залив на која било држава се смета за нејзина внатрешна маса на вода, кога државата има апсолутно право да ги утврди сите правила на пловидба и употреба на ресурсите.
  2. Територијалните води се сите води на растојание од 22,4 километри или 12 наутички милји од брегот. Странските бродови и морнариците имаат право да бидат присутни таму, но во однос на таканаречениот „невин премин“, односно со своето однесување не смеат да ја испровоцираат државата на која и припаѓаат тие води.
  3. Зона на проширување се надградува на територијалните води во ширина од уште 12 наутички милји. Во неа, државата има право да спроведува царински, еколошки и други контроли, како и да ги гони сите прекршители на законот.
  4. Ексклузивната економска зона (ЕЕЗ) е зона во која се вклучени претходните две и која е на 370 километри или 230 наутички милји од брегот. Во оваа област, крајбрежната држава има ексклузивно право да ги користи сите ресурси. Другите држави имаат право да минуваат низ таа зона со нивната трговска флота и морнарицата, но без да ги загрозат економските интереси на крајбрежната држава!
  5. Континентален гребен е продолжување на копното во морето над кое има плитко море и кое може да ги надмине границите на ЕЕЗ. Може да се протега на максимум 650 километри од брегот на една земја. Државата може да ги користи минералните суровини и сите неживи материјали, но не смееме да се занимава со риболов.
  6. Сите други води на океаните и морињата во светот се сметаат за меѓународни води.

Поморските закони, иако се многу јасни, во пракса се соочуваат со пречки, бидејќи широчината на Медитеранот меѓу Турција и Египет е нешто над 500 километри и нема географска граница на континенталниот гребен.

Што де факто сакаат Турците?

Од доаѓањето на власт на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во 2014 година, Турција започна да го зајакнува своето надворешно политичко влијание, прво во нејзиното соседство, а потоа и во поширокиот медитерански регион.

На 27 ноември 2019 година Република Турција го потпиша поморскиот договор со Владата на националното единство на Либија. Во него се вели дека се допираат либискиот и мало азискиот гребен и дека и двете држави имаат право да ги користат тие води. Точката на допирање е источно од Крит и се почитуваат само грчките територијални води.

На тој начин, Турција ги вклучува зоните на Грција и Кипар во својата ексклузивна економска зона и се потпира на египетската зона.

Ова значи дека Турција и Либија можат да експлоатираат нафта и гас од морето. Тие, исто така, би се прашувале за поставување на кој било гасовод под Медитеранот што би го поврзал Блискиот исток со европските пазари. Така Турција и Либија се обидуваат да ги обезбедат своите интереси.

Израел, Грција и Кипар преземаат чекори кон соработка во областа на економската, енергетската, одбранбената и надворешната политика за да и парираат на Турција.

Саудиска Арабија е официјално дел од блокот со Кипар, Грција и Египет. Овој блок е формиран од САД и Израел во Источниот Медитеран против Турција. За прв пат во историјата, саудиските власти испратија свои дипломати во Кипар, сигнализирајќи „единство против Турција“.

Турција ја основаше својата ЕЕЗ во Црното Море со специјално потпишани договори со Бугарија, Романија и наследниците на СССР: Украина, Русија и Грузија.

Турците немаат такви договори во Средоземното Море. Тие се во тековен спор со Грција. Турција е во конфликт со Кипар затоа што на тој остров постои меѓународно непризнаена турска република Северен Кипар создадена по турската инвазија на тој остров 1974 година. Исто така споровите со Сирија на копно се пренесуваат на море.

Сите овие држави сметаат дека договорот меѓу Турција и Либија е неважечки, особено затоа што е потпишан со Владата на национално спасување на Либија, која нема суверенитет над целата земја, така што правниот носител е многу спорен.

Но, најголемиот проблем со турско-либискиот договор има Грција. Три мали медитерански острови крај турскиот брег остануваат отсечени од остатокот на Грција. Занемарена е и зоната на проширување на територијалните води, како и грчката ексклузивна економска зона на која таа земја има право како потписник на поморските закони на ООН.

Грција исто така е огорчена затоа што договорот ги прекина меѓународните води и нема слободна комуникација помеѓу западен Медитеран и Левантот.

Географијата не е во прилог на Турција, особено во областа на архипелагот Мегисти (Кастелоризи). Турција не би прифатила дел од грчкиот ЕЕЗ од која било причина, што заедно со дел од економската зона на Кипар ја ограничува таму каде што е јасно постоењето на нафтени наоѓалишта.

Според поморските закони и другите меѓународни договори, Грција може да користи 104 илјади квадратни километри од Средоземното море, а Турција 41 илјади квадратни километри.

Турција не ги признава поморските закони на ООН и поради сегашната политичка клима не сака да седне на преговарачката маса со Грција, Кипар, Сирија, Израел и Египет.

Ердоган исто така ги игнорира критиките од Европската унија, кои го отфрлија неговиот договор со Либија. На 21 јули Турците се обидоа да постават опрема за вадење нафта во спорното море. Претходно во мај, тие ги обвинија Грците дека чуваат војска на островите во Егејското Море.

Според претходните грчко-турски договори, островите во близина на брегот на Мала Азија се демилитаризирана зона и Грција нема право да има свои трупи на нив. Но, секој што бил во Родос може да посведочи дека грчката армија се наоѓа на тој остров.

Апелите на лидерите на ЕУ двете страни не сакаат да се слушнат до крај. На крајот на јули, Ангела Меркел лично ги помири двете спротиставени страни, кога испраќаа свои флотили во водите на Кастелоризија. И таа и некои други тивки гласови од НАТО ги повикаа Грците и Турците да седнат на преговарачката маса и да ги решат спорните прашања за демаркацијата на морето.


Напишете коментар