Бес во Србија, Новак Ѓоковиќ бил намерно цензуриран!? “Фалат” 14 минути од интервјуто на Би-Би-Си, го нема делот со НАТО бомбардирањето на Белград (видео)

0

Новак Ѓоковиќ е човек за кој се уште се зборува во светот на тенисот. Иако поминаа три дена од излегувањето на неговото ексклузивно интервју за Би-Би-Си, дебатата за одредени делови не престанува од моментот кога тие почнаа да протекуваат во јавноста. Едниот дел, кој сега станува предмет на жестоки реакции, наводно е намерно отсечен од целата приказна што го потресе спортскиот свет.

Да потсетиме, Ѓоковиќ беше принуден да се откаже од настапот на првиот Грен слем турнир сезонава во Австралија, бидејќи министерот за имиграција, Алекс Хок, со дискреционо право го протера од земјата. Како што изјави судот на крајот од болниот процес, учеството на Ѓоковиќ на турнирот би претставувало опасност за масите, кои тој „спонтано би ги поттикнал да се соберат и да ги прекршат мерките“.

Сепак, Би-Би-Си сурово отсече дел од интервјуто, односно направи две верзии од истиот материјал. Аудио верзијата која е објавена на порталот Би-Би-Си содржи интервју од 39 минути и 20 секунди, а на првата програма на британската национална телевизија емисијата траела само 25 минути.

Во „избришаниот“ дел, Новак зборуваше за бомбардирањето на Србија од силите на НАТО во 1999 година. Тој укажа на пожртвуваноста на неговото семејство поради целата ситуација во Австралија и дека не му било дозволено да разговара со бегалците во хотелот со имигранти во близина на аеродромот во Мелбурн. Сето тоа го пренесоа српските медиуми, прилично огорчени од целата ситуација и односот кон нивниот најдобар спортист.

Единствената причина поради која сакав да одам во Австралија беше Австралија Опен. Турнирот на кој бев најуспешен. Ја сакам Австралија. Најголемите резултати што ги постигнав, таму ги постигнав. Тој терен во Мелбурн… Мислам, отсекогаш сум имал одличен однос со луѓето таму, а резултатите покажуваат како се чувствував. Тоа е многу чудно чувство… Мислам, отсекогаш ги почитував правилата, ги спроведував сите потребни протоколи што се бараа од мене за да стигнам таму, па бев тажен што морав да заминам – објасни првиот светски тенисер.

Освен што во тој емитуван дел од интервјуто тој изјави дека е подготвен поради невакцинирање да ја жртвува борбата во која на крајот би станал најдобар тенисер на сите времиња, приказната продолжува во “избришаниот” дел:

Јас бев подготвен да не одам во Австралија, колку и да ја сакам таа земја, колку и да сакам да играм таму. Тоа беше многу тешка одлука. Затоа што, сфатив дека со одлуката (за вакцинација) што ја донесов, знаев дека ќе има и последици. А последиците се што не одам во Австралија. И, јас бев подготвен за тоа!

Потоа приказната се сврте кон бомбардирањето на тогашната СР Југославија …

Во текот на деведесеттите, кога почнав да играм тенис, имавме две војни, санкции, чекање во редици… Тежок период за мене, моето семејство… И тогаш почнав да се занимавам со не многу евтин спорт. Често одев сам на патувања. И на тие патувања морав брзо да пораснам, да не зависам од другите, бидејќи не можев да патувам со татко ми, членовите на семејството, тренерот… На многу турнири патував навистина сам. Уште од мали нозе се осамостоив и мислам дека тоа ми помогна да го изградам мојот карактер, и тоа на многу млада возраст. Се држев до тоа што беше важно, дури и кога бомбите летаа над нашите глави. На пример, во 1999 година, кога имав 12 години, и тоа траеше неколку месеци, по недела-две излеговме да играме тенис по цел ден, иако бомбите навистина паѓаа. Ние тогаш не одевме на училиште, тогаш не работеа, па се радувавме на тенисот, рекол Гоковиќ додавајќи:

Не се навраќам на тие времиња со некаков гнев, фрустрација… Не, јас сум благодарен за тоа искуство, бидејќи таа ситуација ме натера да го ценам тоа што го имам многу повеќе. И мислам дека тоа многу влијаеше на мојот карактер и на тоа како и денес се однесувам во овој живот – изјави Ѓоковиќ.

Тој дел од интервјуто гледачите не можеа да го видат во телевизиската верзија на Би-Би-Си.