Две полициски акции на штипската улица „Черења“

0

Две полициски акции се случиле синоќа на штипската улица „Черења“. Во првата акција во 19.25 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Специјална антитерористичка единица „Тигар” го лишиле од слобода 32-годишниот Е.М. од Штип.

Во соопштението од СВР-Штип се наведува дека тој бил баран по централна потерница од Казнено-поправната установа Затвор Штип заради бегство од установата. Тој e осуден на вкупна казна затвор од 12 години и пет месеци за повеќе сторени кривични дела, а имал за доиздржување уште пет години и два месеца.

Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за издржување на казната.

Два и пол часа подоцна на истата улица, полициски службеници од СВР Штип ги лишиле од слобода Д.Н., К.С, К.К.и Т.П. на возраст од 19 до 26 години, сите од Штип, бидејќи при контрола на патничко возило „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Д.Н., во возилото и кај Д.Н. и Т.П. била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.