Неверојатно, НАСА за прв пат објави видео од површината на Венера, погледнете како изгледа најтоплата планета! (видео)

0

Американската вселенска агенција НАСА објави видео и фотографии од површината на планетата Венера.

Имено, станува збор за материјал собран од соларната сонда Паркер за време на летот минатата година, а научниците се надеваат дека првите фотографии од ваков вид ќе им помогнат да дознаат нешто повеќе за планетата која во Сончевиот систем најслична на Земјата.

Соларната сонда Паркер фотофрафиите ги направила за време на два лета на Венера што се случиле во 2020 и 2021 година, но ги објавила оваа недела заедно со деталната анализа.

Планетата Венера е третото најсветло нешто што можеме да го видиме на небото, но немавме многу информации за тоа како изгледа нејзината површина бидејќи погледот ни е блокиран од густа атмосфера. Сега конечно ја гледаме површината во видливи бранови должини за прв пат од вселената, изјави Брајан Вуд, физичар од Поморската истражувачка лабораторија во Вашингтон, кој беше главен автор на истражувањето.

Вселенското летало Паркер беше лансирано во 2018 година во мисија за истражување на Сонцето, а неговата орбита вклучуваше минување покрај Венера во неколку наврати.

Сондата откри слаб сјај од површината што покажува препознатливи карактеристики како континентални региони, рамнини и висорамнини, додека може да се забележи и луминисцентен ореол на кислород во атмосферата но и во атмосферата околу планетата.

Фотографиите беа толку импресивни што тимот што го контролира WISPR повторно ги вклучи камерите за време на летот во февруари 2021 година, кога сондата сними совршен поглед на ноќната страна на Венера.

Светлината видлива за човечкото око се движи помеѓу 380 и 750 нанометри бранова должина, а сондата користела спектар помеѓу 470 и 800 нанометри за да го сними сјајот на топлината од површината на планетата.

Топлината на површината на Венера дури и на ноќната страна е околу 460 степени. Толку е жешко што карпестата површина на Венера видно сјае, како парче железо извлечено од ковачница, рекол Вуд.

НАСА во моментов планира да направи повеќе фотографии од Венера користејќи WISPR кога сондата е во процес на седмото и последно прелетување во ноември 2024 година. Нејзините податоци ја инспирираа Европската вселенска агенција да собира слични податоци во нејзините идни мисии.