Предлозите за укинување на „пржинската влада“ и на апанажата не поминаа во Собранието

0

Пред усвојување на дневниот ред на денешната 62. седница, пратениците не го прифатија предлогот на група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се донесе предлог законот за изменување на Законот за владата, со кој се предвидува укинување на „прижинската влада“. За предлогот гласаа 32 пратеници, 55 против, а немаше воздржани, по што претседателот на Собранието Талат Џафери констатира дека предлогот не е усвоен.

Пратениците со 47 гласа „за“, 33 „против“ и без воздржани го усвоија Предлог-законот за изменување на Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи, по скратена постапка, поднесен од: Петар Ристески, Зоранчо Јованчев, Силвана Ангелевска, Олга Лозановска, Ане Лашкоска, Златко Пенков.

Петар Ристески образложи дека целта на предлог-законот е да се надминат проблемите, да се обезбеди правна сигурност при откупот на тутунот и да се допрецизира третманот на неферментираниот тутун.

Потоа Џафери ја здолжи Комисија за земјоделство, шумарство и водостопантсво како матично тело да расправа по законот.

Беше повлечен Предлог-законот за изменување на Законот за семејство, поднесен од Димитар Апасиев и Борислав Крмов, кој треба да се донесе по скратена постапка. Апасиев образложи дека го повлекува законот бидејќи во текот на вчерашниот ден е остварена комуникација со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и најави дека следната недела ќе има средба во МТСП.

Не беше усвоен Предлог – законот за изменување на Законот за плата и други надоместоци на пратениците во Собранието и другите избрани и именувани лица во Републиката од Левица, кој има за цел укинување на апанажата. За гласаа 16 пратеници, против беа 13, а воздржани немаше.

Во процедурална забелешка Талат Џафери објасни рече зошто гласал против овој закон. Посочи дека Собранието не е локална самоуправа каде функционира врз доброволна основа, без надоместоци и рече дека на крајот на мандатот функционерите ја користат законската можност. Нагласи дека гласал „за“ Законот за тутун зошто тутунопроизводителите се занимаваат со една од најтешките работи во земјоделството, од утро до мрак.

Тој рече дека не го поддржал законот за Влада зошто една година се води, како што рече, меѓупартиски договор за да се излезе со договор. Го повтори ставот дека тој закон треба да се донесе откако ќе го потпишат сите координатори на пратеничките групи, најголеми. Смета дека законот е неуставен.