Работите стануваат јасни: Бившиот шеф на Мосад помогнал за победата на Кирил Петков на изборите во Бугарија!?

0

Поранешниот шеф на Мосад, генерал-мајор Дани Јатом, и политичката ПР-компанија што тој ја основаше, CIY GLOBAL, помогнаа за победата на коалицијата Промените продолжуваат на изборите на изборите во Бугарија на 14 ноември минатата година, пишува бугарскиот весник Труд.

Труд пишува дека партијата (ПП е коалиција, сè уште нема партија со такво име) е основана од двајца млади дипломирани студенти на Харвард, кои за време на политичкиот хаос беа именувани на министерски позиции во службената влада избрана од претседателот Румен Радев. Двајцата – министерот за економија Кирил Петков и министерот за финансии Асен Василев, решија да формираат партија пред третите последователни избори во Бугарија, исто како и во Израел, и ја нарекоа Промените продолжуваат.

Тие ветија дека ќе се борат против корупцијата и ќе ја зајакнат економијата која е тешко погодена од коронавирусот. Главниот извршниот директор на CIY GLOBAL, Нево Коен, изјави дека во Бугарија „работеле во режим на командоси. По дводневните средби во Софија, ја анализиравме ситуацијата со партиските лидери и локалниот тим и ги активиравме нашите тимови, кои постојано работеа онлајн. Продуктивноста и оптимизацијата постојано се подобруваа”.

Експертите на агенцијата рекоа дека основата на советите од израелскиот ПР е да се оцрни политичкиот противник, постојано да се повторуваат зборови како кражба, корупција, шкафчиња, фиоки, решетки и друго. „Промените продолжуваат“ одби да ја коментира израелската помош, пишува Труд.

Според весникот, генералот Дани Јатом е познат во Бугарија од 2012 година, кога беше претставен како член на меѓународниот тим на партијата Ред, право и праведност на Јане Јанев. Неговите пораки сè уште се актуелни – треба да се започне со судството, кое треба да е „исчистено од корупција и корумпирани поединци, и да се стигне до ситуација кога полицијата истражува, судот ги суди потенцијалните криминалци, а владата не може да интервенира никако.

И тогаш тој беше категоричен дека пораката на партијата РЗС е вистинското нешто во тој момент на националниот развој на Бугарија: Ако не се избориме против корупцијата и организираниот криминал, не можеме да си го подобриме животот, пишува Труд.