Адетокунбо и Лилард играчи на неделата во НБА-лигата

Кошаркарот на Милвоки бакс, Јанис Адетокунбо и играчот на Портланд блејзерс, Демијан Лилард се прогласени за играчи на неделата во Источната и Западната конференција на НБА-лигата.

Адетокунбо им помогна на Бакс да ги добијат сите три натпревари минатата недела. Тој оствари просек по натпревар 41 поен, 17,3 скока и 5,7 асистенции.

Лилард минатата седмица имаше просек од 38,3 поени, 6,8 асистенции и 4,5 скока по натпревар. Билансот на Портланд е три победи и еден пораз.

Милвоки е втор во Источната конференција со 37 победи и 17 порази.

Портланд се наоѓа на 11.место во Западната конференција со 26 победи и 28 порази.