БИЛ 13-ТИ ВО СВЕТОТ- Прославен тенисер во украинската армија фрла бомби со дрон (ВИДЕО)

Поранешниот тенисер Александар Долгополов (36) се бори во украинската армија во војната против Русија, а деновиве повторно предизвика големо медиумско внимание со објава на социјалните мрежи.

Имено, поранешниот 13. тенисер во светот моментално е пилот на дронови со кои фрла бомби врз руски цели.

Претходно во едно интервју рече дека војната е огромен хаос.

“Тенисот на некој начин ме подготви за војна. Мора да бидеш смирен под притисок и да реагираш брзо и прецизно, да донесеш правилни одлуки. Не паничам, многу техники во тенисот може да се применат и во војна. Погрешни одлуки во војна може да ве чини живот“, рекол тој.
Украинецот во кариерата освои три шампионски титули – Буенос Аирес во 2017 година, Вашингтон во 2012 година и Умаг во 2011 година.

Меѓутоа, кога Русите ја нападнале украинската територија, Долгополов се приклучил на војската и се откажал од тенисот.