Има 21 година а бил со најубавите девојки од Холивуд: Пит Дејвидсон е прогласен за најпосакуван заводник во Холивуд (ФОТО)

Комичарот Пит Дејвидсон е повеќе познат по врските со познати убавици отколку по кариерата. Овој 29-годишник беше прогласен за најпосакуван холивудски заводник, а сега реши искрено да проговори за својот љубовен живот.

За време на интервјуто за подкастот „Real Ones with Jon Bernthal“, Дејвидсон разговараше со водителот за интересот на јавноста за неговиот приватен живот, како и за неговите односи со познати личности.

– Мислам дека станав познат пред да се знае за мојата работа. Но, јас секогаш сум работел. Види, јас сум во моите 20-ти и сум бил во врска со некои познати лучности и поради некоја причина тоа е многу лудо и интересно за луѓето. Но, јас мислам дека тоа не е интересно. Во шоу-бизнисот сум речиси половина од мојот живот, околу 14, 15 години, и сум бил во емисии и на националната телевизија. Во овие 12 години сум се забавувал со околу 10 луѓе, и мислам дека тоа не е премногу. Но, тоа очигледно е интересно за некои луѓе – изјави Дејвидсон, додавајќи дека тоа е прилично збунувачки бидејќи никогаш не го покажал својот љубовен живот на социјалните мрежи.

– Луѓето со кои се забавував ги запознав на работа. Работев во еден од петте холивудски епицентри каде што запознаваш луѓе. А тоа се сите луѓе со кои работев или бев опкружен – објаснува комичарот, напоменувајќи дека се нашол во центарот на интересот, но се што се зборувало немало врска со неговата работа.

– Тоа е навистина страшно чувство – додаде тој.

Дејвидсон во последните години беше во врска со Кејт Бекинсејл, Маргарет Квали, Каја Гербер, Аријана Гранде, Ким Кардашијан и Емили Ратајковски.

Неодамна тој е со Чес Сју Вондерс (Chase Sui Wonders.)