Пред финалето во Лигата на шампиони, Ердоган го прими Чеферин во Истанбул

– Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска во Истанбул го прими претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин.

Состанокот е одржан зад затворени врати во комплексот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, а засега не се објавени детали од разговорот.

Средбата се одржа пред финалето на Лигата на шампиони на УЕФА, кое вечерва ќе се одигра помеѓу Манчестер Сити и Интер на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.