Според астролозите, ова се 4-те најпаметни знаци на Зодијакот

Близнаците брзо се движат и секогаш со леснотија учат нови работи, па затоа не е чудно што според астролозите тие се најпаметниот хороскопски знак.

Според астролозите, повеќето припадници на одреден знак имаат слични особини и способности, а истото важи и за интелигенцијата. Тие за порталот  Best Life објаснија дека според нивото на интелигенција, знаците се распоредени по овој редослед:

Дали сте меѓу нив? Ова се хороскопските знаци кои се заљубуваат „на прв поглед“

Шкорпија

Иако може да изгледаат тивко, па дури и ладно, а честопати не се традиционално паметни, Скорпиите се многу мудри и ги разбираат работите на свој уникатен начин, вели астрологот и основач на Ryan’s Astrology Рајан Маркарт и објаснува дека овој воден знак обично е три чекори понапред од други.

„Тие се оние кои често ќе соберат скриени индиции што другите ги пропуштаат, што ги наведува да најдат одговори и решенија побрзо од повеќето“, вели Маркарт.

Стрелец

Стрелците се секогаш подготвени за нови авантури и искуства. 

„Тие се дефинитивно оние кои ја држат фонтаната на мудроста и смислуваат генијални решенија“, вели Џил Лофтис, астролог и основач на Nuit Astrology.

Познати како филозофи на Зодијакот, не е изненадување што овие огнени знаци имаат ненаситна жед за откривање нови работи и користење на нивната интелигенција за добро.

Водолија

Со својот уникатен начин на размислување, Водолијата е најчудниот знак на Зодијакот. Поради нивните необични тенденции, можеби нема веднаш да ја забележите нивната паметна природа, но тие обично се барем еден чекор понапред од толпата. Овој воздушен знак има брзи ментални способности и може да ги надмудри другите додека да трепнете.

„Колку и да им изгледаат откачени на некои луѓе, нивните остри умови се критични и решени да најдат решенија“, вели Маркарт.

Близнаци

Близнаците брзо се движат и секогаш со леснотија учат нови работи, па не е изненадување што тие се најпаметниот хороскопски знак. Овој воздушен знак постојано црпи информации од различни извори и секогаш има подготвено голема ментална вреќа со трикови.

„Без разлика дали се работи за сеќавање на сцена од филм, замислување духовита реплика или сеќавање како да поправите нешто, менталната агилност и способноста на Близнаците да гледаат различни резултати одеднаш им дава предност пред другите“, вели Лофтис.