Стадиони на кои најмногу се одиграло финалето во Лигата на шампиони

Во историјата на Купот на европските шампиони, кој потоа беше преименуван во Лига на шампиони, неколку стадиони повеќепати биле домаќини на финалето. Во продолжение ТРТ Балкан ви пренесува на кои стадиони се одиграле финалните натпревари.

Вембли рекордер

Стадионот Вембли во Лондон седум пати досега бил местото каде се одиграл финалниот натпревар во Купот на европските шампиони, односно Лигата на шампионите. Пет финалиња на овој стадион се одиграа пред неговата обнова.

Во 1963 година, Милан на Вембли стана европски шампион. Потоа, 1968 година беше резервирана за Манчестер Јунајтед, а сезоната 1970-1971 ја затворија Ајакс и Панатинаикос. Ајакс ја освои европската титула.

Уште еден англиски клуб, Ливерпул има освоено европска титула на Вембли. Тоа се случи во 1978 година. Во 1992 година Барселона стана европски шампион. Тоа беше последното финале на Вембли пред неговата обнова.

Барселона во 2011 година беше првиот тим кој стана европски шампион на новиот Вембли. Две години подоцна, Баерн Минхен застана на европскиот трон. Според најавите, финалето во ЛШ и следната година по рекорден осми пат исто така треба да се одигра на Вембли.

Пет стадиони биле домаќини по четири пати

Сантиаго Бернабеу, Сан Сиро, Олимпико, Хејсел во Брисел и стадионот Ернст Хапел во Виена по четири пати биле домаќини на финалето во ЛШ.

Во сезоната 1955-1956 година Реал Мадрид на Сантиаго Бернабеу како домаќин освои уште една европска круна. Во 1969 година финалето го доби Милан. Нотингем Форест и Интер исто така имаат титула од овој стадион во 1980 односно 2010 година.

Третата и четвртата европска титула Реал Мадрид ги освои на Хејсел во 1958 и 1966 година. Кралскиот клуб има уште една титула на Хејсел во 1966 година. Баерн Минхен во 1977 година и Јувентус во 1985 година на истиот стадион беа најдобри во Европа.

Стадионот Ернст Хапел во минатото се викал Пратерстадион. Додека го носел тоа име на него биле одиграни три финалиња. Во 1964 година Интер, во 1987 Порто и во 1990 Милан го освоиле пехарот. По преименувањето во Ернст Хапел на овој стадион во 1995 година се одигра уште едно финале во кое Ајакс ја освои европска титула.

На Сан Сиро во Милано биле одиграни финалињата во 1964, 1970, 2001 и 2016 година. Шампионските титули ги освоија Интер, Феенорд, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Ливерпул во 1977 и 1981 година, Јувентус во 1996 и Барселона во 2009 ја освоиле Лигата на шампиони на Олимпико во Рим.

Пет стадиони со по три финалиња

На стадионот Парк на принцовите во Париз, на Стад де Франс во Сен Дени, на олимпискиот стадион во Атина, на Хампден парк во Глазгов и на Олимпискиот стадион во Минхен се одиграле три финални натпревари во Лигата на шампиони. На Парк на принцовите се одиграло финалето во првата сезона во 1956 кога Реал Мадрид станал европски шампион. Во 1970 и 1980 тоа им пошло од рака на Баерн Минхен и Ливерпул.

Во Атина во 1983, 1994 и 2007 година победници биле Хамбургер и два пати Милан.

Европскиот фудбалски првак три пати дошол до титулата на Стад де Франс во Сен Дени. На два пати тоа бил Реал Мадрид во 2000 и минатата 2022 како и Барселона во 2006 година

Европскиот шампион три пати дошол до титулата и на Олимпискиот стадион во Минхен. Тоа биле Нотингем Форест во 1979, Олимпик Марсеј во 1993 и Борусија Дортмунд во 1997. На Хампден Парк во Глазгов биле одиграни финалињата во 1960, 1976 и 2022 година. Пехарите ги добиле Реал Мадрид во 1960 и 2002 и Баерн Минхен во 1976.

Незаборавно финале на Ататурк во 2005

Олимпискиот стадион Ататурк во Истанбул во 2005 беше домаќин на незаборавно финале меѓу Милан и Ливерпул. Титулата по изведувањето пенали ја освои тимот од Англија.

Реал Mадрид во 2014 и Баерн Минхен во 2020 година беа екипите кои европската титула ја освоија на стадионот Да Луз во Лисабон. За десет години стадионот Де Куип во Амстердам два пати бил местото каде се одиграло финалето на Лигата на шампионите. Во 1972 Ајакс ја освоил титулата, а во 1982 Астон Вила.

Ист е случајот и со Ноу Камп. Во 1989 година европски шампион таму станал Милан, а во 1999 година Манчестер Јунајтед. Во оваа група исто така е Некарстадион во Штутгард. Таму во 1959 година шампион станал Реал Мадрид , а во 1988 година ПСВ Ајндховен.

ТРТ БАЛКАН