Туркије: Во експлозија во фабрика за ракети во Анкара загинаа пет работници

Најмалку пет работници загинаа денес во експлозија во фабрика за ракети и експлозиви во главниот град на Туркије, Анкара, соопшти турското Министерство за национална одбрана, јавува Анадолу.

„Експлозија се случи во фабриката за ракети и експлозиви МКЕ во Елмадаг, Анкара. Како резултат на експлозијата, петмина наши работници загинаа“, се вели во соопштението на Министерството.

Се додава дека за експлозијата се поведени судска и административна истрага.

Објектот во кој се случи експлозијата рано утрово е во сопственост на турската корпорација за машинска и хемиска индустрија (MKE).