ФОТОГАЛЕРИЈА | Папата Франциско ја напушти болницата во Рим и се врати во Ватикан – во добро расположение ги поздравуваше луѓето и се пошегува: “Сè уште сум жив!“

Сè уште сум жив“, се пошегува денес папата Франциско на излегување од болницата во која помина три дена поради респираторна инфекција.

Да потсетиме, 86-годишниот Папа, кој боледува од голем број болести, пред два дена беше итно пренесен во римската болница „Gemelli“, откако се пожалил на тешкотии во дишењето.

Папата Франциско

Според информациите што ги имам, тој ќе ја напушти болницата утре“, соопшти претходниот ден деканот Џовани Батиста Ре и додаде: „На тој начин тој може да ги води сите обреди за престојните големи празници“.

Претходно во петокот, извори од Ватикан соопштија дека Папата поминал втора мирна ноќ во болницата, што е уште еден знак дека добро закрепнува од бронхитисот.

Празникот „Цветници“ го означува почетокот на „Страсната седмица“ што води до најважниот настан во христијанскиот календар, „Велигденската недела“ на 9. април.

Неделата вклучува зафатен распоред на церемонии кои може да бидат физички исцрпувачки, вклучително и поворка на „Велики петок“ навечер покрај Колосеумот во Рим.

Папата Франциско