Холанѓанецот кој ја предвиде катастрофата во Турција повторно објави црни прогнози: Еве кој датум е сега критичен и каде може да се случи нов земјотрес!?

Френк Хугербетс од Харлем во Холандија предизвика големо внимание во јавноста по големиот земјотрес што ја погоди Турција, бидејќи на 3 февруари на Твитер објави дека оваа земја ќе ја погоди земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала.

На социјалната мрежа тој изјави дека природната катастрофа ќе се случи во југоцентралниот дел на Турција во близина на Сирија, Либан и Јордан.

Хугербетс повторно објави, овој пат на Фејсбук, каде напиша дека може да има силна сеизмичка активност во наредните денови.

„Најверојатно околу 8 февруари, најверојатно со магнитуда 6. Постои мала можност за поголемо сеизмолошко случување. Последователните потреси ќе продолжат во централна Турција и би можеле да достигнат јачина од 5 до 6 степени“, напиша тој.

Хугербетс ја „предвиде“ катастрофата во Турција. Оваа земја ја погоди земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Според последните информации, бројот на загинати се доближува до бројката од 10.000 луѓе. Тој изјави дека своето мислење во однос на Турција го искажува врз основа на движењето на планетите.

Според последните информации, повеќе од 20.000 луѓе се повредени во страшниот земјотрес кој ја погоди и Сирија. Во Турција беа урнати повеќе од 6.000 згради. СЗО, исто така, проценува дека околу 23 милиони луѓе во Турција и Сирија се директно загрозени од земјотресот.

Во Турција е прогласена тримесечна вонредна состојба во 10 градови и региони најпогодени од земјотресот.