На луѓето со висок крвен притисок им се препорачува редовно да вежбаат, да престанат да пушат и да се хранат здраво. Особено, треба да дадат приоритет на консумирањето на пет намирници.
На прво место е сокот од цвекло. Овој зеленчук е богат извор на нитрати, кои се претвораат во азотен оксид, познат по тоа што ги опушта крвните садови и го враќа нормалното ниво на крвен притисок.
Сокот од цвекло содржи повеќе нитрати од варената цвекло, а неодамнешните истражувања покажаа дека пиењето мала количина двапати на ден може да помогне во намалувањето на крвниот притисок кај постарите лица, според „Њујорк пост“ .
Исто така, треба да јадете несолени јаткасти плодови. Тие содржат аминокиселината Л-аргинин, која произведува азотен оксид. Експертите забележуваат дека скоро сите јаткасти плодови се добри за здравјето, но ф’стаците и бадемите се најдобри бидејќи содржат калиум, магнезиум и калциум.
На третото место на храна што треба да ја консумираат луѓето со висок крвен притисок е јогуртот бидејќи е одличен извор на калциум и калиум.
Кивито е богато со антиоксиданси кои го намалуваат крвниот притисок. Истражувањата покажаа дека пациентите со благо покачен крвен притисок кои јаделе три киви дневно во текот на осум недели имале понизок крвен притисок од оние кои јаделе само едно јаболко дневно.
Покрај горенаведеното, темното чоколадо може да биде корисно и за намалување на крвниот притисок. Резултатите од истражувањата покажаа дека јадењето темно чоколадо ги опушта крвните садови и ја подобрува циркулацијата.