Странка од Азија, кој живее во Сараево, објави видео на својот TikTok профил во кое наведе неколку балкански зборови кои би биле убави имиња доколку немаат друго значење, а еден стана хит.
,,Данас“ и’ се допаѓа и како машко и како женско име, додека зборот „Бања“ е сличен на името „Ања“, но според неа многу подобро.
„Да имам син би го именувал Ајвар. Звучи многу добро“, вели тиктокерката.
,,Алеја“ е збор што и’ звучи како прекрасно женско име, а како потенцијални машки имиња кои и изгледаат многу „машки“ ги избра градовите Бихаќ и Санџак.
„Narandža“ е збор што таа навистина би го сакала како име, исто како и зборот „Разлика“, за кој таа смета дека e убаво име.
,,Омилен збор ми е „Кармин“. Не знам, бидејќи мојот сопруг се вика Армин“, објасни таа и на крајот додаде:
„И зборот „Боенка“. Прекрасно женско име.
Ајвар и мајонез
Нејзиното видео собра повеќе од 800.000 прегледи и бројни коментари.
„Ова е лудо“, напишала една девојка на „Тиктот“, додека друга искоментирала: „Алал да ти е“.
Многумина се согласија дека Ајвар е победник на оваа необична листа, а имаше и такви кои и дадоа предлози за имињата „Паштета“, „Ќебапи“ и „Мајонез“.