Овој петок во хрватскиот политички живот ќе остане запаметен како низа драматични настани.
Прво хрватскиот претседател Зоран Милановиќ најави дека изборите се во среда на 17 април и дека ќе биде неработен, а потоа следеше вистински шок. Милановиќ најави оставка и кандидатура за премиер на изборите.
Шансите на опозицијата предводена од Милановиќ се сосема реални и наредните денови ќе покажат кој ќе застане зад здружената опозиција што тој сега ќе ја предводи. Последната анкета, спроведена пред Милановиќ да зборува за ангажман, покажа дека ХДЗ и Обединетата левица се изедначени. Тоа би значело дека ќе одлучуваат неопределените или оние кои тешко се одлучуваат да гласаат, но сега се е сменето. Опозицијата немаше вистински лидер, бидејќи претседателот на СДП, Пеѓа Грбин, не е популарен, а сите останати немаат харизма да ја предводат новата влада. Милановиќ го има единствениот потенцијал да ги обедини и левицата и десницата, бидејќи до сега вешто ги балансираше сите политички опции. Очигледно, неговиот поттик бил изборот на главниот државен обвинител Иван Турудиќ, кого Милановиќ го навредувал и за кого тврди дека имал цел да ги прикрие работите на актуелната власт.