Во Луганск е убиен член на Народниот совет на само прогласената нардона република Луганск, полковник Михаил Филипоненко.
Михаил Филипоненко биле убиен кога во неговиот автомобил била активирана експлозивна направа.
По трагедијата се огласи и неговиот син:
„Како резултат на експлозивната направа што се активираше во автомобилот на Михаил Филипоненко, членот на Народниот совет е смртно повреден“, изјави неговиот син за информативниот центар Луганск, медиумска агенција управувана од функционери во регионот кои беа именувани од Москва.