ТОЈ БИЛ РАЗНЕСЕН ВО АВТОМОБИЛОТ – Висок руски функционер убиен во Украина

Во Луганск е убиен член на Народниот совет на само прогласената нардона република Луганск, полковник Михаил Филипоненко.

Михаил Филипоненко биле убиен кога во неговиот автомобил била активирана експлозивна направа.

По трагедијата се огласи и неговиот син:

Како резултат на експлозивната направа што се активираше во автомобилот на Михаил Филипоненко, членот на Народниот совет е смртно повреден“, изјави неговиот син за информативниот центар Луганск, медиумска агенција управувана од функционери во регионот кои беа именувани од Москва.