Вака изгледа кога природата ќе ги покаже забите: Погледнете го моментот кога разорното торнадо целосно уништува зграда (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави видео од застрашувачкиот момент кога торнадо уништува зграда во Линколн, Небраска. Видеото е снимено на 26 април, но дури во понеделникот беше објавено на социјалните мрежи.

Според извештаите на локалните медиуми, во комплексот каде што се произведуваат индустриски делови во моментот на торнадо имало неколку десетици работници, но сите тие за чудо преживеале.