Чавушоглу: Турција го поддржува барањето на Русија за укинување на бариерите за извоз на вештачки ѓубрива и жито

 Шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека се согласува со барањето на Русија да се отстранат пречките за рускиот извоз на вештачки ѓубрива и жито со цел да се да се прошири целокупната трговија со жито преку Црно Море, вклучително и Украина.

Тој, на заедничката прес-конференција со рускиот колега Сергеј Лавров во Анкара, истакна дека е посветен на проширување на трговијата со жито.

Чавушоглу додаде дека Турција е загрижена од потенцијалното засилување на конфликтот помеѓу Русија и Украина во текот на пролетта.

Според него, Турција ќе продолжи со напорите преку преговори да се стави крај на војната.