Коруноски: Имаме нефункционални пруги и застарен железнички сообраќај, државата мора да инвестира во железничкиот сектор

Дали сме изградиле километар плус железничка делница, нова за разлика од она што претходно е изградено? Одговорот е не. Одговорот е поразителен за сите нас кои што живееме и создаваме во онаа држава. Ако нашите предци успевале во такви тешки времиња да градат пруги, да шират железничка мрежа, за жал ние во овој изминат период на независна и самостојна држава не можеме да се пофалиме со тоа, вели Игор Коруноски „150 години железници во Македонија 1873-2023″ во организација на Републичката комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ.

Коруноски посочи дека наместо да се градат нови железнички пруги и да се инвестира, државата дозволила и постоечките да се запуштат и државата денеска да има целосно запуштени и нефункционални пруги, застарени возови, доцнење на возовите, како и лоши услови за корисниците на железничкиот сообраќај.

Напротив не само што не изградивме нови железнички делници, ние дозволивме и постоечките да ги запуштиме и да имаме нефункционални пруги. Имаме запуштени нефункционални пруги, неискористени пруги, имаме застарен возен железнички парк, имаме маратонски доцнења на возовите, имаме многу лоши железнички услуги за нашите корисници, рече тој.

Коруноски потенцираше дека за разлика од Македонија, во соседна Србија постојано се инвестира во железничкиот сообраќај, и ако претходно можело да се патува со воз до Солун, денеска граѓаните на Македонија го немаат тоа задоволство.

Да погледнеме во Република Србија како наша соседна држава од каде што добиваме постојано нови информации за нови проекти во железницата, за набавка на брзи возови, за скратување на времето на патување, за интегрирање на железничкиот систем во транспортната железница на ЕУ. За жал, ние во овој момент после 150 години можеме да констатираме едно, а тоа е дека Македонија е слепо црево на Балканот во делот на железничкиот сектор. Замислете ако пред 150 години можело да се патува со воз до Солун, денеска во 21 век ние граѓаните на Република Македонија го немам тоа задоволство, истакна тој.

Според Коруноски потребно е да се направи државна стратегија за развој на железниците, а како што рече таа стратегија треба да обезбеди стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока.

Денес ние имаме железничка пруга и возови кои што се движат на релација Скопје Велес со 20 километри на час. Ова е поразително за сите нас. Ние сите кои што овие 32 години работиме во овој сектор и создаваме нови македонски железници. Прашањето е како да ги подобриме овие ситуации и како до стабилен железнички сообраќај и задоволни корисници на железничките услуги. Одговорот на ова прашање го темелам на консензус на создавање на државна стратегија за развој на железниците. Ние ако сакаме да останеме во оваа држава и да живееме тука, мораме да се надминеме себе си и да ги засукаме ракавите и да тргнеме од некаде, кажа тој.

Таа стратегија би требало да ги даде придобивките на стабилен железнички сообраќај, на интеграција на нашиот железнички сообраќај со сообраќајот во ЕУ, на брз ефективен, ефикасен и евтин транспорт на патници и стока, истакна Коруноски.

Коруноски вели дека државата мора да сфати дека континуирано мора да помага на железничкиот сектор и да се фокусира во суштинските проекти во делот на изградба на пруги, ремонт на постоечките пруги, како и набавка на нови и современи возови, локомотиви но и ремонт на постоечките.

Мора државата да сфати дека континуирано треба да го помага железничкиот сектор, да не се користи железницата како место за непродуктивни вработувања. Напротив треба да се фокусираат кои се оние суштински проекти кои треба да се направат во делот на изградба на пруги, ремонти на постоечки пруги, набавка на нови и современи возови, локомотиви и ремонт на постоечките. Се разбира за тоа се потребни и во човечки и во финансиски ресурси кои што државата мора да ги оддели, ако сакаме современ и модерен железнички сообраќај.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ