Со автомобил покосил 19 луѓе! Ужас во Полска: Влетал во толпата и ги прегазил, повредени се и деца (ФОТО/ВИДЕО)

Неколку лица се повредени денеска кога автомобил влетал во толпа луѓе кои чекале на трамвајската постојка во северозападниот полски град Шчечин пред да се судри со три други возила, јавија локалните медиуми.

ТВН24 објави дека околу 19 лица се повредени , меѓу кои и три деца, а две лица се во критична состојба , пренесе АП.

При бегатството, автомобилот се судрил со уште три возила, додава полицијата.

Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шќечин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен. Полицијата не се сомнева на тероризам.

Меѓу повредените има и три деца, изјави портпаролот на локалната полиција Павел Панкао. Според информациите, две лица се во критична состојба.

Инцидентот се случил на фреквентна крстосница на почетокот на попладневниот шпиц, околу 16 часот по локално време.