Дека љубовта не познава граници, време и место сведочат фотографиите на заљубен пар во авион кои кружат на социјалната мрежа Х.
Станува збор за млад пар, кој не можел да ги контролира страстите на летот, а сето тоа го снимил патник кој започнал вистинска лавина на мрежите.
На фотографиите се гледа како двајцата лежат со боси стапала еден врз друг на седиштето и се бакнуваат, сето тоа за време на летот.
– Не ми се верува што гледам во авионот. Значи тоа беше четиричасовен лет – напишал вознемирен патник на мрежата Х со оваа слика.
Can’t believe my view on the plane
— FLEA 🇭🇹 (@babyibeenajoint) April 5, 2024
It was like this the whole 4 hour flight. 😆😆 pic.twitter.com/ruz39rLzDm
Оваа објава ги подели мислењата на луѓето, некои навиваа за љубов, но сепак огромното мнозинство остро го осуди ваквото однесување, нарекувајќи го „неморално“, „промискуитетно“ и „развратно“.
Многумина сметаат дека ова е многу симпатична сцена, особено затоа што на една фотографија е прикажан пар кој прави срце со рацете.
– Го сакам тоа што го имаат – коментираат.
Она што исто така на сите им падна во очи беа нивните боси стапала. Не би сакале да ја видат таа глетка во нивна близина, додека патуваат.