Авионот гори од страст! Фотографијата од односот на двајцата патници ги запали мрежите – цели четири часа, патниците се крстеле

Дека љубовта не познава граници, време и место сведочат фотографиите на заљубен пар во авион кои кружат на социјалната мрежа Х.

Станува збор за млад пар, кој не можел да ги контролира страстите на летот, а сето тоа го снимил патник кој започнал вистинска лавина на мрежите.

На фотографиите се гледа како двајцата лежат со боси стапала еден врз друг на седиштето и се бакнуваат, сето тоа за време на летот.

– Не ми се верува што гледам во авионот. Значи тоа беше четиричасовен лет  – напишал вознемирен патник на мрежата Х со оваа слика.

Оваа објава ги подели мислењата на луѓето, некои навиваа за љубов, но сепак огромното мнозинство остро го осуди ваквото однесување, нарекувајќи го „неморално“, „промискуитетно“ и „развратно“.

Многумина сметаат дека ова е многу симпатична сцена, особено затоа што на една фотографија е прикажан пар кој прави срце со рацете.

–  Го сакам тоа што го имаат – коментираат.

Она што исто така на сите им падна во очи беа нивните боси стапала. Не би сакале да ја видат таа глетка во нивна близина, додека патуваат.