Русите за 12 часа ќе стигнат во Киев?! Паника во Украина, генерал Кривонос го најави најлошото можно сценарио!

Украинските власти ја потценуваат моќта на руската армија, што може да доведе до сериозни последици, изјави пензионираниот генерал-мајор на вооружените сили на Украина Сергеј Кривонос за ТВ каналот „Равно“.

– Воените експерти, вклучително и јас, предупредија дека Русите може да стигнат до Киев за 12 часа – рече тој.

Според генералот, претседателот Володимир Зеленски направил сериозна грешка при проценката на можностите на руските трупи, па ситуацијата сепак може да се одвива според најлошото сценарио за армијата на Украина.

Кривонос претходно истакна дека руските војници имаат значителна предност пред непријателот поради добрата опрема и државната поддршка.

На 4 јуни, Украина започна офанзива во правец на Запорожје, јужен Доњецк и Бахмут, фрлајќи војници во борбени единици обучени од НАТО и вооружени со западна опрема.