КАКВО ВРЕМЕ ЈА ОЧЕКУВА МАКЕДОНИЈА ВИКЕНДОВ – Магла претпладне, преку ден сочево со мала до умерена облачност

Претпладнево по котлините долж Повардарието ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе има услови за слаба магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Од недела следува период на тивко и релативно топло време, освен по котлините, каде ќе има појава на магла и дневните температури ќе бидат пониски.