Овие хороскопски знаци ќе поминат низ пекол во август! Ретрограден хаос на небото – најтешкиот месец во годината

Астролошки гледано, август е многу тежок месец, бидејќи Плутон, Нептун, Венера и Сатурн се ретроградни, а наскоро ќе им се придружи и Меркур.

Ова имплицира дека за сè е предоцна бидејќи плановите се одложуваат. Доколку треба да донесете важни одлуки во август, многу е важно да ги одложите за наесен, бидејќи планетарната ситуација е таква што лесно можете да погрешите во проценката.

Поради ретроградниот хаос на небото, знаци кои најмногу ќе настрадаат во август се Девица, Близнаци, Вага, Бик и Риби.

ДЕВИЦА

Марс во вашиот знак ви донесе потреба од иницијатива и посветеност, но некако гледате дека сите ваши напори паѓаат во вода. Затоа сте нервозни и лесно влегувате во конфликти. Имате потреба да ги обвинувате другите за начинот на кој го водат својот живот, а тоа води до големо недоразбирање. Кога Меркур ќе тргне во ретроградна линија на 24 август, имајте на ум дека вашата рационалност ќе биде намалена.

БЛИЗАНЦИ

Вие сте еден од знаците кои се под голем притисок од Сатурн во Риби и Марс во Девица. Сè ви пречи, а имате деловни и семејни проблеми. Раскинати сте на сите страни, а секоја ваша иницијатива изгледа залудна. Ретроградниот Меркур ќе ви донесе хаос на крајот на месецот, па внимавајте што потпишувате.

ВАГА

Сфаќате дека нешто ,,ве вози”и дека сте нервозни, но не разбирате што ви се случува. Поради ретроградната Венера, емоционално сте збунети, па размислувате за луѓето од минатото. Секој обид да се вратите на старите начини може да доведе до емоционален колапс.

БИК

Иако Јупитер (планетата на среќата) е во вашиот знак, па затоа ве штити, поради ретроградната Венера, склони сте на непромислени потези. Многу е важно да немате големи очекувања до 4 септември. Ова се однесува на деловниот и приватниот живот. Во моментов правите еден чекор напред и два чекори назад.

РИБИ

Сатурн почна да го прави своето, па вие сте под судбоносен удар, кој на моменти не можете да го поднесете. Сакате да го промените целиот свој живот, но не знаете од каде да започнете. Деловните и приватните партнерства ќе бидат ставени на тест од 24 август.